СРЕДНОШКОЛСКИ ЖЕНСКИ ФУДБАЛ

Како што градов го фаќа меланхолија од машкиот фудбал поради средина во табелата на екипите, во подем е женскиот средношколски фудбал. Никнаа надежни фудбалерки на општинскиот турнир во голем фудбал. Девојките освежуваат и натфрлаат каде  машките потфрлаат. Ова е голем чекор за фудбалското сивило во доминантно машкиот спорт, кој за многумина е втората најважна работа на светот.

На спортскиот центар “Маркови Кули” се одржа првиот натпревар од турнирот меѓу женските екипи на СОУ “Ѓорче Петров” и СОУ “Ристе Ристески – Ричко”.

Спортската манифестација има натпреварувачки карактер, а победниците продолжуваат на државно ниво. 

Loading