СПЕКТАКУЛАРЕН “ГИМФЕСТ 2013”

Михаела Пацаноска со песната “Believe”, Теодора Зероска со “Готово е” и Стефанија Дукоска со “Fallin” се годинешните добитници на награди на музичкиот фестивал “ГИМФЕСТ 2013” на учениците од гимназијата “Мирче Ацев”. И годинава, како и лани, Гранд При – то отиде во рацете на Стефан Неданоски за изведбата на песната “Amor ti vieta”. Стручното жири имаше тешка задача за избор меѓу 21 учесник со вонредни гласовни можности.

Фестивалот имаше хуманитарен карактер. Средствата беа донирани за обнова на манастирот Трескавец.

Беспрекорната организација беше на директорот Кире Николоски и професорите м-р Татјана Иваноска, Мартин Наумоски, Марта Макеска, Емона Јованоска, м-р Маринко Шлакески, Николче Богданоски, Маријана Спиркоска, Николче Толоманоски и на учениците од Младинската заедница од училиштето.

Фестивалот го помогнаа Де-ни мебел, Еуротерм, Ковалски, Викели, Жалфија, Ацетони и Атко дизајн.

Loading