СОВЕТОТ, ВИСТИНСКИ ХРАМ НА ДЕМОКРАТИЈАТА

м-р Никола Димески,  претседател на Советот на општина Прилеп

Еднаквиот третман на советниците ќе биде моја заложба, интересите на Прилеп ќе бидат моја цел

“Ќе се трудам да направам баланс меѓу политичките сили. Квалитетната работа на Советот ќе биде моја обврска, еднаквиот третман на советниците ќе биде моја заложба, интересите на Прилеп ќе бидат моја цел. Ветувам тешка и напорна работа да го направиме Прилеп уште поубаво место за живеење”.

Ова го рече во првото обраќање, претседателот на Советот на општина Прилеп, м-р Никола Димески од ВМРО – ДПМНЕ на конститутивната седница на  која им се заблагодари на советниците за довербата која ја разбира за тешка и одговорна задача.

{AG thumbWidth=”180″ thumbHeight=”110″ thumbAutoSize=”width” arrange=”priority” backgroundColor=”ffffff” foregroundColor=”808080″ highliteColor=”558CB6″ frame_width=”450″ frame_height=”300″ newImageTag=”0″ newImageTag_days=”7″ paginUse=”0″ paginImagesPerGallery=”10″ albumUse=”0″ showSignature=”0″ plainTextCaptions=”0″ template=”classic” popupEngine=”fancybox”}pic/puls/sovetnici{/AG}

– Застанувам прв меѓу еднаквите, заедно да го направиме Советот вистински храм на демократијата, институција за почит, ефикасна и за граѓаните корисна. Граѓаните ќе ја доживуваат институција за своја и блиска, извор на квалитетни дискусии и позитивна енергија насочена кон изнаоѓање на најдобри решенија за проблемите со кои се соочуваме. Овој Совет ќе биде наша гордост и со целиот мој авторитет ќе се борам заедно со сите да успееме во таа намера. Со нашата работа, ќе покажеме дека не е привилегија, туку е одговорност да се биде советник. Тоа не е функција, туку обврска. И кога за 4 години од сега ќе застанеме и ќе погледнеме наназад, ќе видиме години полни со труд, со волја и посветеност. Години во кои сме ја граделе иднината на Прилеп, години посветени на приоритетите на нашите сограѓани, посветени на подобар живот, години посветени на Прилеп – рече м- р Никола Димески, претседател на Советот на општината.

Покрај градоначалникот Марјан Ристески, присуствуваа и прилепските пратеници во собранието, директори и раководители на институции, установи и здруженија.

Мнозинството во Советот на општина Прилеп е од ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција со 16 советници, а опозицијата предводена од  СДСМ и Сојузот за иднината има 11 члена.

Беше избрана и Комисија за мандатни прашања, избори и именувања во која има еден член од опозицијата. До изборот на претседател на Советот, со седницата раководеше најстариот советник – д-р Илија Јованоски од СДСМ. Тој е и член на комисија за мандатни прашања.

Loading