ПОРАЗ ПО ДОЛГА ИГРА

Пинг – понг

Екипата на ППК Младост го загуби дербито во Супер лигата во Штип од домашниот ППК Гоце Делчев, а со тоа дефинитивно и титулата. После близу четири часа игра, резултатот е минимален 5-4 за штипјаните. Силен отпор дадоа искусните Ѓоко Јочкоски, Зоран Јованоски и младиот Андреј Лашкоски, но останаа со празни раце. Трофејот се сели во Скопје, кај Работнички кој освои 22 бода. Второто место е за Влае, третото за Гоце Делчев со по 20, на четвртото место е Младост со 18 бода.

За пингпонгот, премија еднаква на титулата е оспособувањето на пингпонгарската сала зад ДГС Партизан, која со нетрпение ја чекаат трите клуба, Младост, Младост 96 и Прилеп.

Loading