Клубот на лекувани алкохоличари “Д-р Методија Николоски – Мец”, кој го носи името на познатиот лекар специјалист и поборник за лечење на зависниците од алкохол, ја продолжи традицијата за разубавување на околината, со садење на дрвца и уредување на дворот во кругот на градската болница.
Повод беше денот на онкологијата. Болницата “Борка Талески”, местото каде минале голем дел од третманите од оваа болест на зависност, го облагородиле со разновидни садници, како еден вид на благодарност за успешното справување со злото и ослободувањето од робувањето на алкохолот.