ЕГЗОТИЧНИ ПТИЦИ НА ИГРАЛИШТЕ

Љубителите на украсни и домашни птици ја искористија шансата да ги оплакнат очите и да ја наполнат душата на државната изложба на егзотични птици. Здружението Трагопан по деветтипат собра педесетина одгледувачи на птици од цела Македонија на парадата на асфалтното игралиште за кошарка на Могилата, во близина на “Рајската градина”. “Дефилираа” домашни и егзотични птици меѓу кои имаше и лебеди, пауни, петли џиноровчиња, гулаби… Наредени во три реда кафези како војници на писта. Секоја птица пред својот газда, небаре уметнички експонати,  беше оценувана од стручното жири.

Манифестацијата веќе има традиционален карактер, а поради големиот интерес, од Трагопан најавуваат зачестување на изложбите и омасовување на излагачите.

Loading