Магарето е питомо и кротко животно, и за разлика од мазгата и коњот може да истрпи многу гнавење. Знае да биде и инаетчија, па оттаму и поговорката “магарешки инает”. Но, и маските некој ги припитомил и ги вјармил да “дремат сус”, да не мрдаат, како на сликава, макар што во табиетот се брливи и умешни во “фрлање чифтиња”.
Момчињава кои позираат ги нашле мазгите неортомисани и пуштени на пасење во близина на сенка од дрвјата. Не им сметало што било припек жешко на сонце, а па после бркањето и откако ги умориле, без да водат сметка за мувите, бркани со опашката, успеале да ги скротат и исправени како кипови да ги водат како акробати. Простум качени на напатениот грб на секогаш потценуваните мазги, момчињата и по малку ги малтретирале добиците.
Дали момчињава би се осудиле да изведуваат циркуски акробации на поголем коњ или магаре не знаеме.