Драги наши зенитпетковци, почнува Изборот за нај ученик, нај одделение, нај наставник и, се разбира, нај училиште за учебната 20012/13 година. Засучете ги ракавите и фатете се за работа. Номинирајте ги вашите нај, а потоа поддржете ги преку вашите електронски гласови на нашата адреса: [email protected] или на фејсбук профилот zenitpetka
Зависи само од вас, кого ќе номинирате и како ќе се изборите вашето училиште годинава да го понесе епитетот “нај”. Имајте на ум дека дека најдобриот ученик од вашето училиште да биде токму оној, кој е добар и вреден, умее да почитува и да другарува, и да бил спомнат на нашата страница – Петка.
Вашиот нај наставник нека биде оној кој е вешт да ве натера да учите и да се срамите ако не знаете. Тој или таа, кои ве сакаат, ве слушаат и секојпат помагаат токму кога ви е најпотребно. Најдоброто одделение нека биде одделението кое е пример за другарство, соработка и покажани резултати.
Од секое училиште ќе биде избран најученик и најнаставник, додека најодделение и најучилиште ќе биде прогласено едно, она кое најповеќе ќе биде поддржано по електронска пошта.
Вашите предлози за НАЈ ПЕТКА ги очекуваме на адресата: [email protected] и zenitpetka профилот на фејсбук