Бокс
Прилепчаните се активни и во аматерскиот бокс во боксерската државна екипна лига. На прво коло во Штип, боксерскиот клуб Ас на тренерите Дарко и Ѓорѓи Чатлески успешно се претстави со кадетот до 60 килограми тежина, Илија Миноски. Еден – вреден учесник, го совлада домашниот боксер Стојанче Стојанов од БК Баргала. Победата на гостинскиот ринг сведочи дека Миноски е надежен боксер за која допрва треба да се слуша. Тој го следи патот на професионалецот Александар Николоски.
Во Штип настапија 36 боксери од 10 клуба. Ас е на седмо место со четири бода.