МАКЕДОНСКИ ПРВАЦИ ВО ЏУДО

Во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”

Во жестока конкуренција меѓу сто учесници од цела Македонија, џудистите на ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” го собраа кремот и се училиште со најмногу медали по источната боречка вештина – џудото.

На Државното првенство недопирливи биле 10-те ученици. Со први места и медали се закитиле Марко Тодорчески од 5 одделение, Бојан Талески, Симеон Гешоски и Марко Паноски од 8 одделение. Второ место освоиле петтоодделенецот Бојан Синадиноски и осмоодделенецот Стојанче Петрески. Третото место го зграбиле, Марко Талески од петто, Јорданчо Ѓорѓиоски од шесто, Мартин Тодорчески од осмо и Милан Абрашески од трето одделение.

Иако не добиле медали, пофалени биле Георги Магдески и Христијан Ангелески од трето одделение, и најмалиот учесник, првачето, Никола Магдески.

Сите тренираат во двата џудо клуба, Сеишин и Пролетер, но пред натпреварот совети им давал менторот, наставникот Благојче Илиески. Тој кажува дека ова натпреварување е од највисок ранг, и 10-те медали сјаат двојно повеќе со оглед дека училиштето уште нема фискултурна сала.

За четворицата ученици со прво место, им следува награда, седумдневен одмор во Охрид.   

Loading