Ракомет
В недела (15, 30 ч.), во “Сонце” се игра прволигашкиот женски ракометен меч РК Филип 107 – САП Акумулатори Пробиштип. Извесни се празните трибини, непријатната и депресивна глетка. Каде е “осмиот играч”, кој беше важен фактор пред децении?
– Тешко е без публиката, а играме за неа. Фалат аплаузи и поддршка – вели Елизабета Филипоска, тренер.
Младите чувствуваат хендикеп, бидејќи дома се сами, а на гости се борат со противникот, судиите, делегатот и публиката. Губат од неискуство и притисок. Така било и во Гостивар, 28-24 од Универс.
– Максимално задоволна сум од играта, ангажманот и желбата. Сите созреваат – вели Филипоска.
Во машката Прва лига, по поразот 31-23 во Охрид, в недела (11 ч.) РК Прилеп игра со Работнички, а суперлигашот Жито Прилеп по поразот 35-21 на гости, синоќа имаше реванш плеј – оф со Металург.