ГРАФИКА ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

Вечерва во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,

Учениците од графичката насока од СОУ “Ристо Ристески – Ричко” заедно со подмладокот на ДЛУП  ќе се претстават на изложба со 30 дела на тема Античка Македонија вечерва од 19 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”.

Според професорот Тони Палачаров, повеќето дела се работени во растерска и векторска графика, а  целта е поттикнување на младите да се заинтересираат за графичкиот дизајн паралелно со запознавањето со историјата.

Loading