Во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”
На обострано задоволство, шест ученици и три професори од германското средно стручно училиште “Ратко Штокл” ја возвратија посетата што економистите од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” ја направија летоска. Екскурзијата имаше и наставно – забавен карактер со презентација и мини – квиз поврзан за градов.
Нашите ученици правеле сé гостите да го видат Прилеп во вистинско светло. Не изостанала ни дружбата во кафулињата.
На трите германски ученички, Франциска, Лаура и Лиза најголем впечаток им оставиле монахињите во манастирот, карпата “Слонот” и старата архитектура. Велат дека прилепчани се многу широкогради за разлика од “стегнатите” Германци. Ги бендисале многубројните паркови како место за збирање на млади. Покрај фалбите за градов, трите се согласија дека ученици имаат премногу слобода на часовите, а во Германија “се слушала и мува” при наставата. Покажаа интерес пак да го видат градов, покрај другото и заради одличната прилепска кујна.
Германските ученици ја посетиле Могилата, Варош, Старата Чаршија, манастирот Св. Архангел Михаил и сите позначајни знаменитости на градов.
Гостите биле сместени три дена во семејства, а после се упатија кон Битола и Охрид.