БОСАНЦИТЕ АПЛАУДИРАА ЗА НАШ ГИМНАЗИЈАЛЕЦ

Гимназијалецот Филип Димкоски, ученик во трета година, со успех се врати од Интернационалниот уметнички фестивал во Сараево. На 29. издание на “Сараевска зима” за сите уметности, тој и татко му, се претставиле со едночасовен поетско-музички перформанс.

Филип рецитирал своја поезија на македонски, босански и англиски јазик, а татко му на виолина ги отсвирил најубавите народни македонски и босански севдалинки. 

Биле единствени Македонци меѓу учесниците од  Германија, Грција, Црна Гора, Словенија, Сан Марино, Италија, Украина, САД, Турција, Бразил, Швајцарија, Шведска…

   Настапот во сараевската библиотека добил медиумски интерес.

Поезијата на Филип Димкоски на англиски јазик била објавена на веб – страниците на “Поети на светот” од Чиле и на Меѓународниот магазин за култура ДИОГЕН од Босна.

Автор е на една збирка поезија.

Loading