БЕЗБРОЈ УСПЕСИ

Во ОУ “Блаже Конески”

Учениците од училиштето во Точила постојано се закитуваат со награди. Ако ги сумираме многубројните постигнувања на сите полиња би изгледало вака:

Спорт

Можеби најуспешно училиште кое константно носи успеси на спортското поле, а без спортска сала е ОУ “Блаже Конески”. Од нив ќе ги издвоиме – каратистите – третоодделенецот Филип Тошески кој освоил второ место и соученичката Кристина Каламукоска со трето место на општинското првенство за ката тимови.

Под менторство на наставникот Борче Спиркоски, џудистите Марија Томеска, Давор Велкоски, Александра Макеска, Дарко Велкоски, Гоце Ристески и Бобан Глигуроски, освоиле три злата, две сребра и една бронза на државниот натпревар. Тимот учествувал на повеќе натпревари во Б и Х, и во Аранѓеловац и Нови Сад, Србија, од каде не се враќале без успеси.

{AG thumbWidth=”160″ thumbHeight=”100″ thumbAutoSize=”width” arrange=”priority” backgroundColor=”ffffff” foregroundColor=”808080″ highliteColor=”558CB6″ frame_width=”450″ frame_height=”300″ newImageTag=”0″ newImageTag_days=”7″ paginUse=”0″ paginImagesPerGallery=”10″ albumUse=”0″ showSignature=”0″ plainTextCaptions=”0″ template=”classic” popupEngine=”fancybox”}pic/puls/koneski{/AG}

Доста се развивааат групните спортови. Менторите Тони Николоски и Благоја Клекачкоски, редовно подготвуваат ученици за одбојка. Стефани Секулоска, Теодора Дренкоска, Михаела Димеска се само дел од тимот што освои трето место на општинскиот натпревар меѓу сите ОУ од градов. И ракометарките од седмо одделение освоиле прво место на општинското првенство, а трето регионално во Струга. Освоиле второ место фудбалерите на општински натпревар.

Поединечно во стрелаштво се истакнува Антонио Николоски од седмо одделение кој освоил прво место во државното првенство во Охрид меѓу 15 учесници. Бил најдобар со 170 од вкупно 200 кругови. Пушката Ајншац, клубот ја чува само за Антонио. Чека уште некоја награда да добие стипендија и да се опреми целосно за спортот што му лежи на срце. Седмоодделенката Александра Макеска, пак, освоила прво место во џудо на државен натпревар. Таа е зацапана повеќе од шест години во спортот, во кој се бара снаодливост, брзо размислување и доста техники. Ќе продолжи во Гимназија, спортска или јазична.

Најфален од наставниците е атлетичарот – осмоодделенецот Кирил Лучески. Со о третото место на државниот натпревар во Скопје добил виза за Балканијада во Белград, Србија, и на меѓународно првенство во Истанбул, Турција.

На иницијатива на директорот Марија Дулевска, на собир на ОУ од сите држави на екс – Југославија, ќе се одржи “Топкаријада”, натпревари со топка, квизови и други активности. ОУ “Блаже Конески” е едно од петте училишта од Македонија кое ќе учествува на натпреварот со 37 ученици, со навивачка група, мажоретки и балетска група.

Уметност

Посебно внимание се обрнува на културата и уметноста. Ученичката Ева Беличоска освоила второ место за најкреативна честитка за Осми Март на натпреварот во ОУ “Рампо Левката”. Честитката со универзална порака до сите мајки на светот, била уметнички украсена со орнаменти и убава слика за заднина. Таа е и танчерка. Ужива во вежбањето во ТСК Темпо со нејзиниот омилен танц Џајф.

Шестоодделенката Наталија Димеска, освоила прво место за најдобра лична творба, покрај 30 ученици од сите ОУ во градов на натпреварот во Библиотеката. Наградената творба се викала “Детство”.

Малиот Давид Арсовски е надарен камерман, сценарист и монтажер. За 200 годишнината од првата збирка бајки на браќата Грим, од Гете институтот добил прва награда за филм. Темата била “Снежана и 14-те џуџиња”. Баш за масовноста бил награден и прикажан во Скопје со уште пет други филма, за комплетирање на најдобрите сказни од Грим. На Давид му оди и математиката. Освоил прво место на натпреварот организиран од клубот Лајонс.

Наука

Училиштето приоритет дава на знаењето на наставните предмети. Фросина Димеска од осмо одделение освоила прво место на натпреварот по хемија во престижната гимназија Јахја Кемал. Во триделниот натпревар со дел за теорија, задачи и експерименти, меѓу 212 учесници, Фросина ги прескокнала условите за есперименталниот дел и со добро осмислена идеја и план ги воодушевила професорите од ПМФ. Се подготвувале со менторот Павлинче Т. Ристеска повеќе од три месеци. Со наградата, ослободена е од партиципација за 80 отсто од школарината, ако сака да продолжи во приватната гимназија. Учествувале и Максим Ристески и Стефани Мажучанец со освоени солидни места.

Пред родителите, наставниците, сите четвртоодделенци одржале меѓуучилишен натпревар со порака “Да ја штедиме водата”, во соработка со ЈП ВиК, кое обезбедило опрема и реквизити. Ги одмерувале општите знаења и се забавувале со игра за пренесување на  вода од еден во друг сад, прикажувајќи ја пораката. Најдобрите добиле награди – енциклопедии.

Симона Димеска од 7 одделение била трета на регионалниот натпревар  по математика во Крушево. Вежбале интензивно со менторот Игор Богданоски.

Култура

Покрај редовниот наставен процес, учениците, поттикнати од менторите, учествуваат на многу конкурси и активности поврзани со образованието. На Денот на планетата земја 22-ри Април, ќе организираат масовна акција “Отпад селектираме и рециклираме – за планетата Земја дефилираме”, со поставување на штандови низ целиот град.

Меморијалниот центар на холокаустот, по повод 70 години од депортацијата на македонските Евреи во логорите на смртта Треблинка и Јасеновац, организирал избор за најдобра лична творба – есеј или слика. Учествувале осмоодделенците Јулијана Чапрагоска, Димитар Милески, Христијан Талески и Снежана Станкоска. Истражувајќи, тие дошле до досега непознати податоци за овој немил настан. Имено манастирот Трескавец служел како скривалиште за Евреите во Втората светска војна.

Училишниот весник “Наш Свет” го избрал Филип Филипоски за заштитно лице, а соученикот, осмоодделенецот Димитар Петрески добил награда за најдобра слика, правејќи портрет на пејачката Ријана. 

Балетската трупа ревијално се сојузирала на приредбата на КУД Тоска од Штип. Групата била единствена што извела балетска точка со микс од песните на Псај – Гангам стајл, Фло – рида, и пејачката Лорен. Останатите биле играорни групи. Во април и мај ги чека регионален меч и балканска жогоријада – балет на отворено на балканско ниво.

Хармоникашот Филип Петрески од осмо одделение освоил прво место во Аранѓеловац меѓу 20-на учесници од екс Југославија. Филип е носител на четири први места од Србија и едно прво државно од Македонија, две втори од Б и Х, Србија и Македонија и многу благодарници.

Лидер од ОУ “Блаже Конески” е осмоодделенката Јулијана Чапрагоска. Заедно со стручната служба ја реализира програмата за ученичките активности. Најголем дострел í била организацијата на трибината “Насилно однесување во училиштата”, каде ја поделила на обраќање, презентација и активна дискусија. Присуствувале припадници од МВР, родители и наставници и успехот под водство на Јулијана не изостанал.

Loading