БЕТОВЕНОВА ВЕЧЕР СО АЛЕКСАНДРА ГИЧЕСКА

Бетовенова вечер со малата надарена пијанистка Александра Гическа ќе има вечерва од 19 часот во ЦК “Марко Цепенков”. Таа ќе изведе три сонати за пијано од Лудвиг Ван Бетовен –  соната опус 14, опус 49 и соната опус 13.

Александра Гическа со 11 години е меѓу најнадежните деца во земјава. Таа забрзано напредува изучувајќи го пијаното. Концертира како солист, а музичката критика ја оценува како “чудо од дете”.

Учествувала на културни настани и во Скопје, Охрид, Штип, Гевгелија, Софија, Белград, Врање… На осум години освоила прва награда на државниот натпревар во Скопје, а на девет го имала својот прв самостоен рецитал. Го свиреше и Моцартовиот концерт во ц-молл  на културното лето.

Со пијаното се “запознала” на осумгодишна возраст во музичкото училиште. Ученик е на професорите Мелани и Филип Пеоски. 

Loading