ЗАМРЗНАТИ САЈТОВИ

Ретки се сајтовите на наши клубови или спортски федерации кои секојдневно или по секој викенд се ажурираат да понудат свежи информации. Во убедливо мнозинство се “замрзнатите” сајтови. До скоро, “благодарение” на новиот состав од ФФМ, повеќе месеци за голем срам беше сајтот на најмоќната федерација. Во последно време живнува. Критика за ПФМ, бидејќи за пинг – понгот нема нови резултати, а се прикажани настани од лани. Во РФМ некако успеваат да внесат нови содржини, со доцнење, а се чини позитивен пример е КФМ. За кошарката има сé во детали, но сограѓаните немаат многу интерес кога во овој спорт нема клуб од Прилеп.

Loading