ПРОМОЦИЈА НА “МАКЕДОНСКИ ГЛОСАР” ОД АЛЕКСОСКИ

Вечерва в Библиотека

“Македонски глосар”, од Тодор Алексоски е книгата која вечерва од 19 часот ќе биде претставена во Библиотеката. Промотори ќе се Толе Белчев, Боне Величковски и Петар Петрески.

Меѓу кориците се собрани зборови од многу богат македонски говор застапени во народните умотворби, народните песни, поговорките, гатанките, басните, мудростите и останатите видови на говорни изрази класифицирани како архаизми, дијалектизми, зборови со фигуративно значење.

– Се презентира заборавеното од големото богатство зборови – вели авторот.

Алексоски е правник, член на ДНУ. Дела му се “Говорете македонски”, збирката со поговорки “Зборовите се забораваат – напишаното останува”, Збирка прописи за вработувања на лица со хендикеп, Правен советник и др.

Loading