ПРИ КРАЈ Е КАРАБИНАТА НА”СИТИ ЦЕНТАР”

По речиси две години од почетокот на градбата на бизнис центарот со катна гаража “Сити центар”, привршува изведбата на неговата карабина. Претпоследната плоча е речиси завршена и во претстојниот период треба да следи поставувањето и на финалната бетонско армирана плоча во трговскиот центар со приземје и два ката. Покрај просторот наменет за комерцијални активности, планиран е и паркинг простор за 150 возила. “Сити центарот” се гради на парцела од 1617 метри квадратни, а инвеститор е компанијата Дравас инженеринг од Струмица.

Бизнис центарот ќе се состои од продавници со брендирана стока, кафетерии и канцеларии, во кои се најавува дека ќе бидат ангажирани 250 лица. Ќе се инсталира систем за вентилација и климатизација.

Инвестицијата е околу 5 милиони евра, а архитектонскиот проект го изработија авторите Мартин Пановски и Душица Диновска од “Студио 2000” од Скопје, кои за овој репрезентативен објект ја добија наградата од областа на архитектурата на 16. Биенале на македонска архитектура (БИМАС).

Изведувач на градежните работи е Теракота. 

Loading