ОДЛИЧНИ ТЕХНИЧАРИ И ЕКОЛОГИСТИ

Во ОУ “Блаже Конески”

На 37-та меѓуопштинска смотра на млади техничари и природници, во ОУ “Кочо Рацин”, екипата на точилското училиште се вратила со шест награди, четири први и две трети.

Кај седмоодделенците за агротехника, Христина Талеска, за темата “производство на трендафили” заслужено го добила првото место за одличната комплетна презентација и подготовката со менторот Петар Андоноски. За екологогија  на темата “пластика и рециклирање на ПВЦ во 21- от век”, Стефани Мажучанец го воодушевила жирито со видео клип и истражувањата на интернет. Фросина Димеска била трета за применета хемија со темата “примена на етанол и оцетна киселина”. Експериментите за препознавање на состојките, вежбани со менторот Павлинче Темелкоска Ристеска, ја ставиле на пиедесталот. Исто место зела и Николина Наумоска за компјутерска техника  на темата “подобрување на училишниот интернет сајт”. Страницата ја направила попрегледна и  попристапна. За автоматика прво место добил Давид Лазароски под менторство на Бранко Бабаноски. Давид од поодамна го “влече” автоматиката, па од голема корист му биле ЛЕГО роботите, кои воопшто не ги штедел при програмирањето. Тој ги напомна добрите и спорните елементи од неговиот изум – “Автоматизирана лабораторија за автоматско истражување која се наоѓа на места ризични по човековиот живот и неговото здравје”. Истакна дека му се потребни два лаптопа за управување на сензорите на макетата. Сите учесници биле живо заинтересирани за неговиот проект.

На 50-та Републичка Олимпијада за млади техничари ќе одат првонаградените четворица седмоодделенци.  

Loading