УРБАНИЗАЦИЈА НА МОСТОВИТЕ

Почетокот на реновирањето на оградите на десетте моста во градов почна од мостот на реката кај автобуската станица. Комбинацијата на модерно и корисно е видлива и покрај тоа што засега е направена само едната страна од оградата на мостот. Мостот, ноќно време ќе биде осветлен, давајќи му интересен изглед. Пешаците ќе одат по ново наместени плочки кои се замена за дотраениот асфалт и раскршените рабови. Со тоа, зголемена е и безбедноста во ова прометно место за возила и пешаци.

ЈП за ПУП ќе продолжи со реновирање на останатите огради на 10-те мостови. 

Loading