СЛАБОСТ ВО 90 МИНУТА

Жени

Одлична партија на фудбалерките од Победа, кои дојдоа до подвиг и нерешен резултат 1-1 дома со лидерот и фаворит за титулата, Билјанини Извори од Охрид. Девојките на Блаже Филипоски беа на прагот од триумфот со голот на Елена Талимџиоска, но слабоста на одбраната се случи во 90. минута со примен гол од која друга, ако не од “својата” Кате Милеска, за реми. По овој неочекуван исход малку заплеткани се сметките на охриѓанките, кои водат со 31 бод, пред скопско Единство со 28. Тимот на Победа е петти со 21 бод.

Наредното коло е уште еден тежок меч, гостување на Единство во Скопје.

Loading