СЕРТИФИКАТ ОД ВБЦ

Бокс

Продолжува меѓународната активност на Про бокс Македонија, една од ретките спортски организации надвор од Скопје, со седиште во Прилеп, со оглед на претседателската функција на сограѓанинот Дарко Чатлески. Откако се случи вклучувањето во Европската боксерска унија (ЕБУ), серијата професионални мечеви на Александар Николоски, имаше контакти и аплицирање за ВБЦ верзијата. Дибиен е сертификат, кој е потврда дека Про боксинг Македонија е на вистинскиот колосек.

Од гостувањата низ Европа разменети се искуства и во блиска иднина ќе следат новини. Нема да се оди на многу публика од над две илјади гледачи како во минатото, туку мечевите ќе ги гледаат одбрани ВИП гледачи, функционери, политичари, бизнисмени, спонзори, главно оние кои даваат финансиска поддршка на манифестациите. Не е исклучено да се избере помал објект како есеноска Центарот за култура. Од друга страна, преку летото или раната есен можно е да се исполни ветувањето за ринг на отворено, на Плоштад или на Могила.

Loading