РАБОТНО ЗА ДЕНОТ НА ЕКОЛОГИЈАТА

Во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

Оваа година СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” работно го одбележа 21 март – денот на екологијата

Учениците, заедно со професорите учествуваа во организираната акција на чистење на кабинетите и внатрешноста на училиштето, а останатите ги отстрануваа непотребните материјали и отпадот од училишниот двор. Придонес даде и еколошката секција со насадување леа со темјанушки, со што симболично се одбележа доаѓањето на пролетта. Оваа активност е за  претстојното хортикултурно уредување на училишниот двор и негово претворање во пријатно катче за учениците. Ќе следи партнерство помеѓу СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” и СОУ “Орде Чопела”, каде со меѓусебна посета на ученици ќе се разменат искуства. Економистите ќе научат за тајните на растенијата и дворното уредување, додека нивните партнери од хемиското училиште ќе ги продлабочат знаењата при примената на еко стандардите и еко кодексот во бизнисот, рекламата и продажбите. Се надеваат дека со помошта на колегите од СОУ “Орде Чопела” као и со помош на бизнис секторот накрај ќе се осмисли и ќе создаде училница на отворено, во која и учениците и професорите ќе уживаат во часовите во природа под топлите сончеви зраци.

Loading