ПРОМОВИРАНА КНИГАТА ЗА ДЕЦА ,,СТВАРКО И КВАРКО,,

Библиотека

…,,Јас Стварко и Кварко

ги знам од соновите,

Од земја јужна

Со куќичка кружна.

Во мојата заспана зима ги има:

Каде времето стои

Без години да брои!…

Ова се дел од стиховите на книгата за деца од поетесата Благица В. Ефремова, која беше промовирана во Библиотеката.

– Книгата за деца е за Стварко и Кварко, кои, одејќи до крај на свет, се враќаат и сонуваат будни за својот крај. Со ликовите ги објаснувам соништата на две деца – вели авторката, која е член на литературниот клуб Искра.

Ефремова е автор на книгите “Клучарот на убавината”, “Буба Мара и Даре”, “Мечот на животната правдина” и “Сончево дете”.

Loading