ТЕНИСКИ АС ВО НАЈАВА

ТЕНИСКИ АС ВО НАЈАВА

Александар Василески е четврто одделение во ОУ “Гоце Делчев”, а веќе “под кожа” му се два спорта. Тенисот, кој го негува од три години и кошарката која ја совладува веќе еден месец.

Освоил еден клупски пехар и медал за тениско клупско натпреварување од ТК Прилеп. Тренира во викендите, а лете има индивидуални вежби со тренерите по 3 – 4 пати неделно. Според Александар, успешен тенисер е оној кој, покрај што ги знае основите на бекхендот, форхендот и смечот, умее правилно да се постави на теренот. Ова бара доста кондиција, што тој ја одржува со редовно трчање. Омилен тенисер му е Роџер Федерер, заради смирената игра, наспроти егзибиционистичката на Новак Ѓоковиќ.

И во кошарката не ја “загрева клупата”, туку постојано е под кошот, барајќи позиција за шут или пас. Во КШ Андро секоја недела играат натпревари против екипи што ги одредува тренерот. Клуб на кој му се восхитува е Мајами Хитс од НБА лигата.

Училишниот дневник кажува дека тренирањето во двата спорта не му смета да биде одличен ученик. 

Loading