НИКОСКА СО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

Младата исклучителна виолинистка, сограѓанката Софија Никоска, синоќа заедно со Македонската филхармонија го исполни концертот за виолина и оркестар бр.1 од Макс Брух. Концертот беше во рамките на циклусот Кирилица.

Софија е студент на музичката школа “Кралица Софија” во Мадрид, во класата на еден од најпрестижните професори по виолина Захар Брон.  Затоа со нетрпение се очекуваше концертот на кој оркестарот од Македонската филхармонија под диригентската палка на Борјан Цанев,  изведе интересен избор дела од Јан Сибелиус, Џузепе Маручи, како и македонската премиера на балетската свита “Совршен будала” од Густав Холст.

Никоска настапувала на бројни концерти во земјата и странство, меѓу кои на “Охридско лето”, на Прилепско културно лето, “Скопско лето”, а во јуни лани во Германија и во Австрија.

Loading