БУРА, ПО ЗАТИШЈЕ

ЕПД Картуш, извесно време беше во лер, но во неделата ја продолжија мисијата. Околу 40 планинари, покрај дождливото време измарширале 20 километри од селото Лавци до планинарскиот дом Неолица, каде по почивката, се поклониле на спомен плочите на загинатите народни херои од НОБ, Јоска Јорданоски и Елпида Караманди. Следел спуст до селото Ореово, па се упатиле кон манастирот св. Преображение. Финишот бил во селото Буково, кое се наоѓа веднаш под манастирот. “Здраво” потрошиле пет часа и собрале духовна енергија за работната недела.

Loading