БАЛКАНСКИ МЕДАЛИ

Карате

Ветено – сторено од каратистите, кои најавија и зедоа трофеи од Балканијадата во Крагуевац. КК Ронин е со седум медали, за споредба повеќе од Романија или Кипар кои се пофалија со по еден – два. Каратистите на тренерот – селектор Златко Димоски се најуспешни од репрезентацијата на Македонија. Златен медал заслужи Поликсенија Јованоска која совлада фаворити, носители на медали од европско, како Србинката Пиперин, а во финале даде 100 отсто и ја победи претставничката од Грција. Успешна со две бронзи, во борби и кати е Марија Матракоска. Бронзена е уште Маријана Димоска, додека со сребро се украсија Мишела Димоска, ката тимовите, едниот Мишела и Маријана Димоски со Искра Каракашоска, другиот Лина Димеска, Матеја Талеска со Киријана Камческа.

Меѓу 1600 натпреварувачи од 15 земји, свој печат оставија членовите на КК Лукас на Ахил Јаков. Најуспешен е ката тимот со вицешампионска титула Звонко Николоски, Константин Василески и Симеон Мерипушкоски. Ги победија Бугарија и Србија, во финале загубија од Турција. Солидно се претставија уште Ева Грозоска и Сања Цветкоска. Сите победнички ги минаа првите кола.

Од КК Бонсаи на Валентина Пурдеска иако не освоија медал, задоволни се со настапите на Викторија Дунимаглоска, Александар Стојаноски, Јана Луческа, Александар Јованоски. Најдалеку стаса Филип Ристески, поразен во репесаж за трето место.

Loading