УСПЕШНА АУКЦИЈА НА СЛИКИ ЗА ОБНОВА НА ТРЕСКАВЕЦ

Позитивна оценка за аукцијата на уметнички дела за обнова на Трескавец во ЦК “Марко Цепенков”. Сограѓаните купија вредни уметнички дела од Кирил Гегоски, Татјана Медарова, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Јасмина Новковска, Лепа Милошевска, семејството Грабулоски и други, донирајќи 82 илјади денари за манастирот Трескавец.

И градоначалникот Марјан Ристески ја покажа својата хуманист, донирајќи за обновата на манастирот Трескавец.

Центарот, во кој досега се одржаа бројни активности за обнова на Трескавец и за изградба на црквата Св. Петка – концерти, театарски претстави, ќе продолжи да се вклучува во акцијата “Уметниците за обнова на Трескавец”.

Loading