СОВЕТОТ ЌЕ ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

м-р Никола Димески, носител на советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и здружената коалиција

Граѓаните кои го остварија уставното право на глас во фер и демократска атмосфера, го покажаа демократскиот капацитет на Прилеп, докажаа дека се за демократија преку институциите, за демократија изразена преку правото на глас, смета м-р Никола Димески, носителот на советничката листа на ВМРО- ДПМНЕ и здружената коалиција. 

– Им се заблагодарувам на сите кои го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и избраа дела, проекти и напредок за нашиот град. Особена благодарност на претседателите на месните комитети, членовите во општинскиот изборен штаб, кандидатите за советници и до сите членови на ВМРО-ДПМНЕ со кои заедно макотрпно работевме да ја претставиме победничката опција во Прилеп. Големата доверба на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција е голема обврска. Новото мнозинство на советот ќе работи чесно, професионално и отчетно. Советот ќе биде тело кое ќе ги брани интересите на прилепчани, а советниците, нивната волја. Претставивме програма со 400 нови проекти за подобар Прилеп, а квалитетниот тим ќе ја реализира програмата во соработка со градоначалникот следните четири години – рече Никола Димески.       

Loading