ПЕТТО МЕСТО

По 1. коло во женската фудбалска лига, Билјанини Извори од Охрид има 27 бода, Единство Скопје и Борец по 25, Младост Оризари и Победа по 20. Сега – засега петтото место е дострел за прилепчанките, поради најмладиот тим девојчиња, меѓу кои имаа неколку неодамна приклучени.

Победа во последното коло одигра 1-1 во Битола со топ гол што е потстрек за надополнување на загубеното. Плановите се искачување некое место погоре, бидејќи шанси уште постојат, ако се фати серија без пораз. Сите сили ќе се насочат во лигата, бидејќи во купот се случи несреќна елиминација. Минатиот викенд кај фаворитот Билјанини Извори загубен е куп – мечот на пенали, по регуларниот реми исход 2-2. Наредното првенствено коло има можност за реванш, Победа дома го чека Охрид.

Loading