“ПАЈАКОВА МРЕЖА” СРЕДЕ ЧАРШИЈА

Покрај менаџери за трговија, транспорт, финансиски менаџери на фирми, по се изгледа дека ќе треба да се отвори нов образовоен профил “менаџер за кабли”. Од сликата гледаме дека каблите на едно место во Чаршијата се како “пајакова мрежа”. И искусен електричар тешко би се справил со жиците кои не се знае каде почнуваат, каде завршуваат и која им е намената. 

Разводната табла, штекерите, клима уредот, алармниот систем, и светлечката реклама земаат струја од една бандера, што придонесува за рашомонијадата што му дава неубав изглед на градското јадро. И не само тоа, бидејќи може да биде опасност од пожар што би ја загрозил Чаршијата.

На компјутерите назад има собирач на бројните кабли, а под него пишува “Cable Menagement”. Тој служи да ги спастри разлетаните кабли од тастатурата, глушецот, мониторот, рутерот, звучниците и слушалките. Еден или два такви “групатори” би го решиле ова електрично клопче.

Loading