НЕМА ПОПУСТ ОД ФАВОРИТИТЕ

Трета и општинска

Поранешниот прволигаш Борец, ја окупира лидерската позиција и не попушта во Третата лига – Југ. Иако одигра 0-0 кај Илинден, сепак бега недостижни 10 бода.

Останати 18. коло Бабуна – Партизан 2-0, Сирково – Г. Коњари 2-0, Млекар – Кожуф 0-0, Братство – Младост 4-3, Кадино – Тополчани 3-1. На табелата Борец е со 48, Бабуна 38, шесто е Г. Коњари 29, седмо Кадино 25, осми Партизан 24, десетто Тополчани 20, 12-ти Млекар 20, 13-та Младост и 14-то Братство по 19 бода. Викендов играат: Кадино – Бабуна, Тополчани – Илинден, Превалец – Братство, Младост – Млекар, Г. Коњари – Партизан.

И во Општинска А лига има фаворити, кои не даваат друг да победи. Варош со 0-1 триумфираше кај Динамо, а Пролетер со 2-4 во Боротино.

Останати од 14. коло: Гарван – Чепигово 3-0, Кадица – Слога 1-1, Тризла – Козара 5-2, Прилеп сити – Обршани 0-3. На табелата водат Пролетер со 31 и Варош со 29 бода. Наредно коло: Боротино – Гарван, Обршани – Тризла, Козара – Кадица, Слога – Динамо, Варош – Чепигово, а дерби е Пролетер – Прилеп сити.

Loading