НЕДЕЛА НА РОМАНСКИ ФИЛМ

Од вечерва до петок 5 април (со исклучок на сабота и недела) во Сцена 105 во ЦК “Марко Цепенков” ќе се одржи недела на романски филм. Стартот е од 20 часот со филмот “Изгубена во транзиција” по сценарио и во режија на Кристина Ничитус.

Филмаџиите до петок без пари ќе уживаат во современите романски комедии “Приказни од златните времиња”, “Здраво како си”, “Полжави и луѓе”, “Свадба во Бесарабија” и “Мечка”. На отворањето ќе присуствуваат претставници од Кинотека на Македонија, со која Центарот ја реализира манифестацијата и директорот на Кинотека на Романија.

Филмовите кои се на репертоарот се дел од посткомунистичкиот хумор со пародичен призвук, кои се обидуваат да разработат современи теми без инхибиции, но и да ја покажат огорченоста и тврдоглавоста на едно општество кое сеуште е во транзиција. Други ја сиронизираат комунистичката ера, трети пак се испирирани од вистински настани, а некои се чиста фикција.

Loading