“КОМФИ АНГЕЛ” ЌЕ ПОЛНИ ТРИТОНСКА ПЕРНИЦА ЗА ГИНИС

Гигантска перница, поголема од три тони ќе прави компанијата “Комфи Ангел” да го урне Гинисовиот рекорд во мај, со најголемата досега изработена перница во светот. Ова го најави генералниот менаџер и косопственик на англиско македонската фирма со 600 работници, Ирена Јакимоска.

– Со изработка на џиновската перница, ќе аплицираме да го срушиме Гинисовиот рекорд и да ја надминеме досега најголемата произведена перница. Рекордот ќе претставува маркетингшки потег за компанијата и афирмација на Прилеп, кој се запиша во книгата на Гинисовите рекорди со подготовката на 80 191 сарма на денот на Градската слава, Свети Никола, на 19 декември 2008 година – вели Јакимоска.

Гинисовиот рекорд за најголема перница го држи белгиската компанија “Арова”. Точно 280 вработени, изработиле перница од три тони во димензии 15х15 метри или 225  м2 за 8 дена во 2008 година, за одбележувањето на 15 годишнината од фермата.

“Комфи Ангел” е фирма за производство на постелнина, а 95 отсто од производство се пласира на британскиот пазар.

Loading