ЕНЕРГИЈАТА Е ВО НАРОДОТ

Марјан Ристески им се заблагодари на граѓаните

Можеби само во Прилеп не добивме честитка од политичките противници

Актуелниот и добитникот на трет градоначалнички мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марјан Ристески по добиената масовна поддршка, најмногу им се заблагодари за поддршката на неопределените граѓани, како и на сите членови на ВМРО – ДПМНЕ, на симпатизерите, коалициските поддржувачи и им вети дека во отчетот по 4 години, ќе ги видат реализирани сите 400 проекти од програма за Европски Прилеп.

– Сакаме да Ви честитаме на демократската зрелост што ја покажавме при одржувањето на локалните избори. Исполнивме еден од најбитните евроинтеграциски услови. Докажавме дека веќе имаме европски навики и потреби. Прилепчани го продолжија патот кон просперитетот, успехот, развојот, патот кон нови дела. Покажавме дека знаеме да направиме разлика меѓу реалност и лага, меѓу мудрост и наивност, меѓу искреност и лицемерие. Дека сме инаетчии кога најмногу треба, дека знаеме да ја препознаеме вистината. Покажавме дека заедно можеме да реализираме уште, по 100 нови проекти годишно, дека сакаме да бидеме лидери во РМ, дека сакаме да живееме во европски Прилеп. Овие 28 000 гласови се гордост, но и обврска. Многупати реков дека енергијата ја црпам од Вас, од вашата искренот и континуирана поддршка. Со 28 000, гласови верувајте имаме енергија и за плус проекти, кои не се пишани во програмата. ВМРО – ДПМНЕ докажа дека само со отчетност, со прецизност и затворени финансиски конструкции на проектите, може да се тропне на секоја врата. Со лаги, притисоци, физички напади, отпор кон својот народ, уништување и сквернавење, не можете да се надевате на успех.  Поминаа 20 дена кога бевте изложени на најниската кампања од СДСМ, чувте, видовте, прочитавте сé и сешто. Но, само едно не. Не видовте нови идеи, нови луѓе, нов тим. Можеби само во Прилеп не добивме честитка од политичките противници. Ни од носителот на листата, ни од кандидатот Локвенец. А, и двајцата, 20 денови се прокламираа како универзитетски граѓани, кои сакаат да бидат татковци на сите граѓани во Прилеп. Тука е разликата меѓу нас и нив. Ние знаеме да честитаме и да се извиниме, знаеме да останеме горди до крај. Ги повикувам и двајцата во секое време во интерес на прилепчани и на тие што им дадоа доверба, за сите нивни реални проекти да повелат во локалната самоуправа и ќе им бидат овозможени максимални услови да ги реализираме заеднички во интерес на Прилеп. Со тоа ќе докажат дека нивните политики биле реални и исправни. Овој пораз е од нивна помош, бидејќи ќе им овозможи конечно на новите кадри да испливаат на површина и да им покажат како се работи – рече Марјан Ристески.

На локалните избори излегоа околу 78 насто граѓани. 

Loading