ДВОКРИЛЕЦ НА ЗЕМЈА

Чудо невидено било уривањето на двокрилен авион во Варош во Првата светска војна. Според симболот, аеропланот бил германски. Тој ги напаѓал позиците на Англичаните или Франзузите. Сликата доловува дека падот на леталото предизвикал огромно внимание и љубопитство. Војската, стационирана во градот, веднаш стасала на местото на “несреќата” да утврди дали и пилотот е жив или мртов.

Граѓаните одвреме на време имале шанса да ги видат “металните пилиња” во воздухот, но на земјата било изненадување и атракција, без разлика на жртвите и на потокот смрт што го сееле авионите со бомби и со рафали.

Долго се раскажувал настанот од граѓаните додека се нижел тутунот.  

Loading