ДВА ДИЈАЛИЗЕРИ И ЦТГ АПАРАТ

За болницата

Одделението за гинекологија и акушерство во болницата доби ЦТГ апарат, а наскоро и нова современа опрема од еден милион денари, како подарок од локалната самоуправа. Градоначалникот Марјан Ристески најави поддршка со модерна опрема  од два електрични родилни стола, два гинеколошки столови и еден електричен болнички кревет. На бубрежно болните пациенти им се ставени на располагање два апарати за дијализа.

– Зголемувањето на квалитетот на услугите и подобрување на ефикасноста на системот за работа се главните заложби на локалната самоуправа, изјави Ристески.

Loading