ПОРАЗ ВО ШВЕДСКА

Бокс

Се остварија прогнозите, очекувањата дека ќе биде мошне тешко во Шведска за нашиот професионален боксер Александар Николоски, претставник на Про бокс Македонија. На рингот во Билборсен, во велтер категорија доживеа пораз од Ерменецот Суро Исмаилов, но не разочара. Според информациите, борбата била убедливо технички најчиста целата вечер. Мечот бил неизвесен и рамноправна битка во четирите рунди. Судиите гласале на поени во полза на Исмаилов, боксер кој зад себе ги има сите четири победи на исто толку профи мечеви, плус 95 победи на 110 аматерски дуели.

Од борбата Николоски излегува со уште побогато искуство. Настапите во странство се двојно повредни и во иднина ќе се настојува во тој правец да се движи неговата кариера. Значи, ќе бидат добредојдени и прифатени поканите за учество на слични манифестации. Наредното гостување најверојатно ќе биде пролетва во Црна Гора, како воведна борба пред спектакуларните мечеви за интернационална и медитеранска титула.

Од друга страна Про бокс Македонија подготвува спектакл на отворено, на плоштад или Могила, во соработка со локалната самоуправа.

Loading