“ИВО ЛОЛА – РИБАР” СТАНУВА БУЛЕВАР

Модерен булевар со четири коловозни ленти ќе се претвори влезот на Прилеп, од клучката на патот Прилеп – Битола на улицата “Иво Лола  – Рибар”. Ова го најави градоначалникот Марјан Ристески на отпочнувањето на работите. Според него, во инфраструктурниот зафат се предвидени пешачки и велосипедски патеки и осветлување на целата улица. Обезбедени се 30 милиони денари од кредитот од Светската банка за инфраструктурни зафати за првата етапа од 800 метри.

Инаку, во поодмината фаза на градба се навлезени работите на уредувањето на улицата “Моша Пијаде”, односно влезот на градот од страната на патот Градско – Прилеп во должина од 700 метри.

Loading