ЕДНА ВЛЕЗНИЦА ЗА ДВЕ ПРЕТСТАВИ

Театарот со нова викенд акција. Сите што ќе купат влезница од 120 денари за вечерашната изведба на “Од кол на кол 1”, ќе можат утревечер да го гледаат продолжението, “Од кол на кол 2”.

За светскиот ден на театарот, 27 март, во театарската магија ќе може да се ужива без пари на шекспировата “Многу врева за ништо”, која ќе се игра и в чеврток, 28 март, додека на 29 март повторно ќе се прикаже “Од кол на кол 2”.