Дигитален кино проектор доби ЦК “Марко Цепенков” од Министерството за култура за враќање на сјајот на филмската уметност.
– Владата и Министерството набавија дигитални кино проектори, вредни 30 милиони денари за заживување на кино салите. Важно е возобновувањето на киното за културата – рече министерката Елизабета Канческа – Милевска.
Просторот со големина од околу 500 метри квадратни наскоро ќе го реновира општината.
– Во буџетот се одделени околу 200 илјади евра за комплетно опремување на киното по европски стандарди – изјави градоначалникот Марјан Ристески.