ВЕНЕЦИЈАНСКИ МАСКИ

Галерија на ЦК “Марко Цепенков”

Изложба на 150 маски Венецијански карневалски маски од Жаклина Костоска изработени во “Papier mâché” техника (хартиена смеса) ќе биде отворена вечерва од 19 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”.     

Костоска, која е дипломиран биохемичар од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, активно се запознава со карневалските маски од 2010 година. Сакајќи да ја усоврши техниката реализирала студиска посета во Венеција.

– Кога смесата е веќе сува наликува на дрвена површина. Доста е цврста, но лесна. Со смесата изработуваат накит, кутии, скулптури, карневалски маски и театарски реквизити – објаснува Костоска, на која ова и е прва самостојна изложба.

Loading