ПАРК ЗА СКЕЈТБОРД И РОЛЕРИ

Мераклиите за возење на скејтборд, ролери или БМХ велосипеди, ќе имаат определен простор за уживање во екстремните спортови пред салата Македонија. Со катчето, скејтерите ќе ја завршат “маката” да возат по улиците или пред зградите на институциите, каде често беа бркани од обезбедувањето или од станарите заради вознемирувачкиот тропот. Со изградбата на скејт паркот, скејтерите ќе имаат идеални услови за развивање на вештини со поминување преку разни пречки и возвишувања, во базенот со бранови и поинакво доживување.

Скејт паркот ќе се протега на 1331 м2. Објавен е тендерот за изградба на парк.

Оваа идеја од група млади луѓе беше прифатена од локалната самоуправа.

Loading