НАДАЛ ВО МИСЛИТЕ

Седмоодделенецот Михаил Кусески од ОУ “Кочо Рацин”, уште од мал бил страстен спортист. Прво скијал и пливал, но сериозно се зафатил со жолтото топче и рекетот на седум години. Првпат во живо гледал тениски меч и ги баталил скиите и базенот, посветувајќи се на “белиот спорт”.

Толку сериозно се “заразил”, што родителите покрај моралната поддршка, се трудат да му создадат услови за тренинг да го развива талентот.

Член е на ТК “Винер – Про”. Секој ден, освен во недела, тренира под будно око на тројца тренери.

Досега освоил 26 награди. Последната му е од меѓународен натпревар во Софија со противниците од земји со многугодишна тениска историја, како Велика Британија и Русија. Фактот што го победил Русинот што бил првак на својата земја е поголема сатисфакција од освоеното второ место.

Го сака тенисот и кога игра, и кога е во публика. На “Србија опен” во 2011-та, се запознал со рекетот број еден, Новак Ѓоковиќ, Русинот Троицки и кошаркарската легенда Владе Дивац.

Сепак, Ноле не му е идол. Швајцарецот Рафаел Надал го смета за неприкосновен на секаква подлога на тениските терени. Па сон му е, и како него да заигра на Вимблдон.     

Loading