МОТИВИРА ПЕЛИСТЕР

ЖРК Филип 107

В сабота (15 ч.) во арената “Сонце” е првиот пролетен натпревар за женскиот прволигаш ЖРК Филип 107. Девојките на Елизабета Филипоска се мотивирани од името на гостинот, битолски Пелистер. Наспроти недостигот на контролни средби, подготовките се во целост реализирани преку кондициски и тактички тренинзи

Оттука и оптимизмот шестиот да се спротивставува на четвртиот на табелата, кој бега со осум бода.

– Не сме аутсајдери, иако сме во групата на неискусни состави. Немаме претерани очекувања, но ќе стиснеме заби за прва пролетна победа, со која се валоризира зимскиот труд – вели Филипоска.

Секаде милина е да се гледаат млади, полетни, а такви се мнозинството во Филип 107. Техничко – тактичките тајни ги учат и усовршуваат талентираните Сашка Филипоска, Мери Конеска, Мери Стојанова, Стефана Чавкароска… Тие се иднината на ракометот, а доколку стручно се работи и натаму, не е исклучено дел од нив да станат репрезентативки.

– Тоа е приоритет. Местото сега засега ни е во средината. Тоа е реалност. Нема да брзаме за влез во Супер лигата – истакнува Филипоска.

В сабота (17 ч.) уште една понуда од прволигашки ракометен меч, во првото пролетно кола од машката лига третиот РК Прилеп го пречекува четвртото Драчево.

Loading