Театар
“Халифот Штрк” е новата претстава на која работи театарот. Станува збор за куклена претстава со марионетки, која ќе ја режира Дарко Ковачовски по текст на германскиот автор Вилхелм Хауф.
Претавата е амбициозен проект, со оглед дека првпат во Македонија се работи со марионетки.
– Секогаш режисерот избира екипа. Го одбрав прилепскиот театар, бидејќи има млада екипа која треба да го полни својот амбар. Ќе бидат вклучени седуммина актери. Авторот на текстот Хауф го влечел Ориентот. Затоа текстот е екстравагантен и пикантен. Интересна ќе биде фабулата која раскажува за дисхармонијата на личноста од една страна, а од друга ќе говори за одговорноста, љубовта – вели режисерот Ковачовски, потенцирајќи дека сценографијата и куклите ќе го носат духот на Ориентот.
Сценографијата и костимите се на Надја Василева, која заедно со режисерот ќе ги изработи и марионетките. Автор на музиката е Владимир Џамбазов од Софија, со кого режисерот соработува десетина години.
Во претставата, која премиерно ќе биде прикажана на почетокот на април, ќе играат Владимир Ѓорѓиески, Јасмина М.Станкоска Александар Тодески, Наташа Наумоска, Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска и Димитар Ѓорѓиевски.