ТРОЈЦА КАНДИДАТИ ЗА ТАТКО НА ГРАДОТ

Во трката за градоначалник на претстојните локални избори за  Прилеп се тројца кандидати. На трет мандат оди актуелниот градоначалник Марјан Ристески како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, потоа Хари Локвенец од СДСМ и здружената опозиција и Зоран Петрески, кандидат за градоначалник од СДУ. Ќе има и пет кандидатски листи за  27 советнички  места. Тоа се на ВМРО – ДПМНЕ чиј носител е Никола Димески, на СДУ со Игор Димески, ДОМ со Бранко Дукоски и советничка листа на НДМ со Гоце Најдоски. Листата на кандидати за советници на СДСМ ќе ја предводи Илија Јованоски.

Право на глас на 24 март имаат 63 431 граѓанин кои ќе гласаат на 132 избирачки места. Гласачите од дел од избирачките места се префрлени на други најблиски избирачки места заради немање услови или непостоење на објектите. 

Loading