ЛОКВЕНЕЦ СО ЛАГИ ГО НАДМИНА И ЦРВЕНКОВСКИ

Пред да почне да зборува за Програмата 2013-2017 г., Ристески направи споредба на изборните програми.  

– Дали ова ви изгледа како програма. Се повикуваат на ова мало флаерче дека ќе го оправеле земјоделството, а тоа е исправено од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе го развиеле културниот туризам, а кога беа на власт ги заборавија сите цркви и археолошки локалитети. Ги уништија спортските терени, спортските сали. Го имаат и најчудниот проект- не 5, не 15, туку 500 акумулации ќе направеле во Прилеп. Дали некој верува дека ќе никнат 500 акаумулации за 5000 вработувања? Оваа лага не ја голтаат ни децата во градинка. Од каде пари, од каде толку вода за 500 акумулации? Со сите лаги во брошурчето, тој го надмина и својот лидер Бранко Црвенковски – рече Ристески.